Викиликс: САД сакаат да го осудат Асанж на смртна казна

320

Американските власти сакаат да го обвинат основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за шпионажа за да биде осуден на смрт, објави Викиликс на Твитер.

Викиликс вели дека американското Министерство за правда се обидува да изгради случај против Асанж врз основа на Законот за шпионажа, кој му дозволува на лицето да биде осудено на смрт.

Асанж го основа порталот Викиликс во 2006 година за да објавува доверливи информации за активностите на владите на неколку земји, вклучувајќи ги и САД. По обвиненијата за силување во Шведска во 2012 година, Асанж побара азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, со цел да се избегне екстрадиција во Стокхолм.Британската полиција го уапси Асанж на 11 април во Лондон, откако Еквадор го укина правото на азил.

Асанж беше уапсен во Лондон поради прекршување на условите за кауција.

Британските власти навеедоа дека нема да го екстрадираат Асанж во Вашингтон, ако постои можност да биде осуден на смрт во САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...