Викендов „Поточиња 2019“ во МОБ

464

Детскиот фестивал „Поточиња“ ќе се одржи викендов по 16. пат. На сцената на Македонската опера и балет освен 15 нови детски композиции, програмата ќе биде збогатена и со анимирани цртани филмови специјално подготвени за ова издание.

Домаќин на публиката ќе биде актерот Мартин Јорданоски во маската Поки, кој ќе ги открива изненадувањата подготвени за публиката.

Од организаторот, Пап продукција информираат дека се е подготвено за уште една голема детска забава. На репертоарот се закажани шест претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена. Последните билети во ограничен број по цена од 250 денари може да се набават во „Југотон“, билетарницата на МОБ и онлајн на www.jugoton.mk и www.babyshop.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...