Викендов во Минхен почнува популарниот Октоберфест

Октоберфест на пивот годинава почнува на 22 септември и ќе трае до 7 октомври.

63

Нови безбедносни огради, дополнителни видео-камери, повеќе полицајци – се само дел од безбедносните мерки за минхенскиот Октоберфест на пивото, што годинава почнува на 22 септември и ќе трае до 7 октомври, јави ДПА.

За време на фестивалот во Минхен ќе бидат забранети дронови, како и носењето големи чанти и ранци од посетителите.

Околу 600 полицајци ќе се грижат за сигурноста на луѓето присутни таму. Полицијата сега за првпат ќе ги испроба и таканаречените „Супер-распознавачки агенти” – униформирани лица обучени да препознаат сомнително лице и да го следат секој нивни чекор. Тие ќе користат и 47 камери како помошно средство.

Минатата година традиционалниот настан беше посетен од 6,2 милиона луѓе.

ФОТО: Твитер, Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...