Викендашите кон Грција го утнаа новиот автопат, АМСМ советува како да се приклучите

5052

Граѓаните кои решиле викендот да го поминат во Грција, не возат по новиот автопат Демир Капија-Смоквица, кој пред неколку дена беше пуштен во употреба, туку возат по стриот пат.

Дел од возачите велат дека решиле да возат по стариот пат бидејќи немало поставено знак за приклучување, па не знаеле каде точно да се приклучат.

Од АМСМ, велат дека автопатот е целосно оспособен за одвивање на сообраќајот.

– За користење на оваа делница, во правец Скопје – Гевгелија, на клучката пред Демир Капија исклучете се за Скопје, спуштете се под надвозникот и продолжете само право пратејќи ја таблата Гевгелија, советуваат од АМСМ.

Користењето на автопатот, во следните осум месеци, додека не се изградат новите патарини, нема да се наплатува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...