„Виз ер“ до 3 април нема да лета за Милано, Тревизо и за Бергамо

Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120 % повраток на цената во кредити, соопшти авиокомпанија.

493

Рутите за Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY) ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот, соопшти нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“.

„Летовите од Скопје и Охрид кон горенаведените италијански градови ќе бидат прекинати до 3 април. Патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време. Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120 % повраток на цената во кредити. Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење“, соопшти компанијата.

Од таму велат дека авиокомпанијата може да ги информира само патниците кои нивната резервација ја направиле преку wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, а оние патници кои имаат резервирано преку туристички агенции,  вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции, треба да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...