„Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски, ќе биде прикажан во Официјалната програма Balkan Survey на 59. Интернационалниот филмски фестивал во Солун, каде ќе има има 2 проекции, на 5-ти и 11-ти ноември.
Богатиот фестивалски живот на филмот започна со светската премиера на 34. Санденс филмски фестивал каде ја освои наградата најдобар игран филм во рамките на меѓународната натпреварувачка програма, 38. ИФФК Браќа Манаки каде ја доби наградата „Мала камера 300“, потоа 40. Интернационален фестивал на крато филм во Клермон-Феран, Франција, 23. Кино Павасарис во Вилниус,Литванија, 65. Мартовски фестивал – Белградски фестивал на документарен и краток филм каде ја освои наградата „Гранд при “ а на 6. LET’S CEE филмски фестивал во Виена ја освои наградата „Ураниа“. На листата на значајни фестивали кој го прикажаа „Види ја ти неа“ се: 65. Филмски фестивал во Сиднеј, 65. Филмски фестивал во Пула, 67. Интернационален филмски фестивал во Мелбурн, 36. Фликерс-Интернационал филмски фестивал во Роад Ајленд, 29. Интернационален филмски фестивал на краток филм во Палм Спрингс, 43. Интернационален филмски фестивал во Оденсе, Данска, 24. Енкаунтерс филмски фестивал во Велика Британија и уште многу други.
Пред Солунскиот фестивал филмот ќе го прикаже и Интернационалниот филмски фестивал за краток филм во Рига каде проекцијата е закажана за 26.10, а следуваат како и на 16.Филм фронт-Нови сад, Србија, 27. Секвенс-Интернационален филмски фестивал на краток филм во Тулуз, Франција, 5.Фестивал на краток филм во Гоа и други.