ВИДЕО Гувернерот на Калифорнија го нарече Трамп „лажго, криминалец или будала“

Браун говореше на климатската конференција во Сан Франциско, организирана откако Трамп нареди повлекување на САД од Парискиот климатски договор.

171

Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија Џери Браун изјави дека претседателот Доналд Трамп ќе остане запомнет како „лажго, криминалец или будала“.

Браун говореше на климатската конференција во Сан Франциско, организирана откако Трамп нареди повлекување на САД од Парискиот климатски договор. Калифорнија реши сепак да ги почитува одредбите од договорот и претстави амбициозен план за затворање на преостанатите термоцентрали и електрифицирање на возниот парк. Над 4.000 учесници, меѓу кои и првите луѓе на Мекдоналдс и Волмарт, актерите Харисон Форд и Алек Болдвин, и поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг учествуваат на конференцијата чија цел е да се дискутира за начини како одделни американски држави да го намалат испуштањето на јаглерод диоксид.

Трамп неодамна жестоко ги критикуваше калифорниските власти токму по прашањето на екологијата, велејќи дека поради нивното лошо менаџирање со водните и шумските ресурси некогаш плодните калифорниски полиња се суви, а милиони неисечени суви дрва предизвикуваат смртоносни пожари.

ФОТО: видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...