Вигано: Папата знаеше за злоставувањето, нека поднесе оставка

114

Поранешниот висок претставник на Ватикан, Карло Марија Вигано побара од папата Франциско да поднесе оставка, бидејќи, како што тврди, пред пет години му ги предочил обвиненијата за сексуално злоставување, со кои бил соочен поранешниот кардинал Теодор Макерик.

Макерик, чија оставка папата Франциско ја прифати минатиот месец, е прв кардинал кој поднел оставка од висока позиција во црквата, откако истрагата утврдила дека наводите за злоставување на 16-годишно момче се „кредибилни“.

Вигано во писмо на 11 страници, доставено до римокатоличките медиуми, објаснил дека на папата уште во 2013 година му ги предочил наводите за сексуално злоставување на нискорангирано свештенство, кои му се препишувале на Макерик. Тој е еден од највисоките црковни претставници обвинети за сексуално злоставување.

Фото: EPA/CIRO FUSCO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...