Постојано се зборува за храната и пијалаците кои не треба да се консумираат пред спиење. Постојат пијалаци за кои и стручњаците велат дека добро влијаат на телото, особено на топењето на масните наслаги околу половината.
Луѓето кои сакаат детоксифицирачка исхрана главно јадат или пијат грејпфрут, бидејќи овој цитрус хидратизира и пружа чувство на ситост. Освен тоа, полн е со хранливи материи и помага во работењето на метаболизмот.
Сокот од грејпфрут, исто така, може да биде свежо исцеден или купен. Исцедете барем половина чаша сок, кој ќе го додадете во сирупот.
Сирупот можете да го направите со мешање на чаша вода, кафеав шеќер по вкус и стапчиња од цимет. Оставете оваа смеса да врие на тивок оган во тава седум минути пред да го додадете грејпфрутот. Прелијте ја мешавината во шише и додадете студена вода. Украсете ја напивката со нане.
Сокот од грејпфрут е корисен и вкусен, но треба да бидете внимателни поради интеракција со одредени лекови. Пожелен е за здравите луѓе.