Последното признавање на Косово дојде од Барбадос во февруари 2018 година, и оттогаш, повеќе од една година потоа, нема нови признавања, објави приштинскиот весник „Коха“.
Аналитичарот Емурус Ујкани смета дека новите признавања на Косово се запрени, бидејќи се уште нема договор со Србија. Според него, Белград го искористи тоа време за агресивна дипломатија, пренесува Коха.
Повлекувањето на признавања на Косово создава хаос во меѓународните односи, оценува аналитичарот Артан Муслиу.
Фатмире Мулхаџа Колчак, членка на Комитетот за европска интеграција на косовското собрание, смета дека нема нови признавања на државата поради слабите резултати на косовското Министерство за надворешни работи, но и поради хаотичната ситуација во моментов во Косово.