Вечер на соло песни со бас-баритонот Милан Силјанов

384

„Вечер на соло песни“ е насловен рециталот на вокалниот солист, бас-баритонот Милан Силјанов, кој подолго време е активен на европските музички сцени. Од 20 часот тој ќе настапи во камерната сала на Филхармонијата, заедно со пијанистката Нино Чоконелидзе од Грузија.

Ќе бидат изведени циклуси на песните: „Љубовта на поетот“ оп. 48 од Шуман, „Let us garlands bring“ оп. 18 од Финзи, „Дон Кихот и Дулчинеја“ од Равел и „Отпловена Русија“ од Свиридов.

Силјанов студирал на Високата школа за уметности во Цирих и се усовршувал во познатата школа за музика и драма „Гилхол“ во Лондон, на отсекот опера, под менторство на проф. Рудолф Пјерне. Добитник е на значајни награди и признанија и соработник со светски познати диригенти.

Во сезоната 2018/2019 се бележат неговите изведби на „Зимско патување“ од Шуберт на Музичкиот фестивал во Кембриџ, „Нелсон мисата“ од Хајдн во Дрезден, како и рецитали на Фестивалот за соло песна во Оксфорд и во „Вигмор хол“ со пијанистката Нино Чоконелидзе. Силјанов членува во ансамблот на Баварската државна опера во Минхен.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...