Вечерва претстава за немање солидарност и емпатија кон маргинализираните

76

Во Центарот за култура во Ѓорче Петров вечер од 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Класот Х“ на Театар Пи, која го актуелизира проблемот на непостоење солидарност и емпатија кон лицата што се на маргините на општеството.

Темата, како што најави театарот, е  жестока, интензивна и вознемирувачка и ја открива сликата на нашата реалност во образованието. Раскажува за млади и сиромашни луѓе од дисфункционални семејства, кои израснале во најтешки околности и изолирани не по своја вина.

-Виновно е општеството, виновни се училиштата и медиумите кои не се занимаваат со нивните проблеми. Ние решивме да им дадеме право на глас и да зборуваме во нивно име. Уметноста треба да биде гласот на оние кои глас немаат, соопшти Театар Пи во најавата на својата трета претстава во оваа година.

Режијата е на Златко Митрески и Македонка Илиевска, а играат ученици од ООУ „Јоаким Крчоски“.

Влезот за посетители е слободен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...