Вечерва премиера на краткиот игран филм „СК2020”

115

Во киното „Фросина” вечерва во 20 часот ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „СК2020” (работен наслов „Здив”) во сценарио  и режија на Радован Петровиќ.

Филмот ја третира темата на загадувањето и дилемата на едно македонско семејство дали да ја напушти државата. Филмот се снимаше оваа зима на локации во Скопје.

Главните улоги ги толкуваат Верица Недеска-Трајкова, Зоран Љутков, Анастасија Аневска, Торијан Азгоур и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, костимограф Жаклина Крстевска, сценограф Симо Бранов, шминка Ирена Сенокозлиоска, дизајн на звук Ристо Алчинов, а монтажер Радован Петровиќ.

Продуценти се Роберт Насков и Сања Тодоровска-Арсова. Тонската постпродукција се одвиваше во Аудиохаус, а видео постродукцијата во фх3х. Филмот е во продукција на Кино око, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...