По ветрот попладнево во Скопје, пред сѐ центарот на градот се загуши во прашина.
Пустинска олуја, велат од О2 Коалицијата за чист воздух.
„Еве каква прашина си дишеме, само сега ветеров ја дигна во воздух и ја покажа за да се знае и да нема негирања и заблуди околу тоа колку ја има. Во градежна прашина тонеме, раскопано, оставено, неизмиено. Страшно. Рипнаа бројките за PM10 над 800 Ректорат, над 660 Центар. PM2.5 во Центар од 21 на 864. Само за еден саат“, реагираат од О2 Коалицијата.
Покрај загадувањето на воздухот, ветрот кој беше со брзина од 95 километри на час кршеше гранки од дрвја, а на некои места, како што јавуваат граѓаните на социјалните мрежи, паднати се и цели дрвја.
ФОТО: Фејсбук