„Ветровита кула“ во Бејрут

Зградата популарно наречена „Burj Al Hawa“ (Ветровитата кула) e идеја на архитектот и уметник Џад Ел Кури.

109

Зградата популарно наречена „Burj Al Hawa“ (Ветровитата кула) е едно од најзнаменитите зданија во Бејрут, Либан. Денес е позната по шарените завеси на прозорците, идеја на архитектот и уметник Џад Ел Кури.

Кулата почнала да се гради во 1974, годината пред да почне Либанската граѓанска војна, и првично била замислена како комплекс на канцеларии, продавници и ресторани. Но, поради тоа што е релативно висока, и се наоѓа на линијата меѓу Западен и Источен Бејрут, таа постојано била цел на милитантите кои ја користеле како „снајперско гнездо“.

Зградата никогаш не е населена, ниту, пак, ставена во каква било функција, но останува да сведочи за крвавата историја на оваа блискоисточна земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...