Ветерниот парк Богданци го натфрли планот на производство на струја

Во тек е јавниот повик на АД ЕСМ за проширување на ветерниот парк со нови ветерници. Рокот за пријавување на заинтересираните компании истекува на 2 март годинава

600

Ветерниот парк Богданци во јануари годинава произведе речиси двојно повеќе електрична енергија од планираното, односно имаше 95-отстотно натфрлање на планот, информираат од АД ЕСМ.

Според официјалните резултати на АД ЕСМ, за претходниот месец се испорачани 15.968 мегава часови електрична енергија.

Како што информираат од ЕСМ, во 2019 година овој капацитет за производство од обновливи извори произведе 101.807 мегават часови електрична енергија што претставува натфрлање на годишниот план за шест проценти. Со постигнатиот резултат, ветерниот парк Богданци учествувал со 2,4 отсто во вкупното производство на АД ЕСМ за минатата година.

Во тек е јавниот повик на АД ЕСМ за проширување на ветерниот парк со нови ветерници. Рокот за пријавување на заинтересираните компании истекува на 2 март годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...