По вестите дека се повлекува од јавноста, бидејќи сака да му биде поддршка на својот болен татко, за пејачката Бритни Спирс испливаа информации кои ја шокираа јавноста. Имено, како што пишуваат странските медиуми, пејачката се наоѓа на лекување во ментална установа, каде што е сместена против своја волја. Меѓутоа, пејачката на лекување се наоѓа од јануари, а не од оваа недела, како што првично беше кажано.
Родителите на пејачката веќе со месеци јавно не се огласиле, како ни нејзиното момче Сем Асгари, ниту пак поранешниот сопруг Кевин Федерлајн. На социјалните мрежи Бритни имаше само две објавени фотографии од јануари, со што предизвика сомнеж кај фановите.
Пејачката тогаш рекла дека мора да му се посвети на својот татко по неговата операција и дека тоа се повлекува од медиумите.
Меѓутоа, во јавноста неодамна се појави гласовна порака од поранешен член на правниот тим на Бритни Спирс, кој рекол дека пејачката е во психијатриска установа од јануари, како и дека не се знае кога ќе биде пуштена. Тој додал и дека пејачката одбивала да оди на лекување и дека таму е против својата волја. Тој вели дека Бритни не сакала да ги зема лековите, кои се нејзина стандардна терапија уште од 2007 година, кога, поради нервниот слом, ја избричи главата во еден фризерски салон во кој упадна неочекувано.
Од тие причини, членовите на нејзиното семејство донеле одлука пејачката да ја остават на лекување.