Весна Бејби Петрушевска прослави јубилеј, 25 години брак со МНТ

Актерката низ хумор раскажа како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче.

488

Македонската актерка Весна Петрушевска просла­ви јубилејни 25 години од својата кариера, или како што таа го нарекува, брак со МНТ.

Вес­на го просла­ви јуби­лејот на уникатен начин со стендап-претставата „Влези, не се соблакај“, во ко­ја во час и половина низ солзи и смеа ги раскажа подемите и падо­вите, како и најзначајните моменти од сво­јот жи­вот, дет­ството, мла­доста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.

Актерката низ хумор раскажа како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажуваше и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.

Крајот на претставата беше емотивен, Весна заклучи дека животот е вреден и порача сите да го сакаме затоа што немаме друг. Преполната сала на МНТ ја испрати Весна со голем аплауз, а нејзините две деца, Кирил и Мина, и децата од нејзината актерска школа, ѝ подарија цвеќе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...