Весели: Ако се наруши партнерството со САД, коалицијата ќе се распадне

298
ФОТО: -EPA-EFE-VALDRIN-XHEMAJ

Претседателот на косовскиот Парламент и лидер на ДПК, која е највлијателна партија во владејачката коалиција, Кадри Весели, изјави денеска дека веднаш ќе ја напушти својата функција доколку се наруши партнерството со САД поради одбивањето на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да се суспендираат таксите воведени кон Србија и БиХ.

– Оној ден кога ќе биде нарушено партнерството со САД, коалицијата ќе се распадне, а јас ќе ја напуштам функцијата претседател на Парламентот. Ќе заминам и никој нема да може да ме спречи. Зборуваме за партнерство кое е од витално значење за Косово. Независна и суверена држава може да има само корист од САД. Ова е мој конечен одговор, порача Весели.

Харадинај, пак, на комеморацијата по повод 575 години од смртта на Скендербег повтори дека владината мерка кон Србија и БиХ нема да биде укината, додавајќи дека таа не се однесува против САД, туку против Србија и Русија

FOTO EPA-EFE-VALDRIN-XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...