Венизелос: Ципрас „грабна“ пратеници од Независни Грци заради мнозинство за Договорот од Преспа

504

Поранешниот претседател на ПАСОК и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос смета дека грчкиот премиер ги направил неопходните чекори и има мнозинство во Парламентот и за ратификација на Договорот од Преспа и за доверба на Владата.

– Мислам дека господинот Ципрас беше многу циничен и многу јасен во неговото последно интервју. Очигледно е дека регулирал, направил контакти, го сторил т.н. „грабнување“ на пратеници од Независни Грци, се приклучија и други пратеници од помалите партии, што се без традиција и без вредности, па така има мнозинство и за ратификација на договорот и мнозинство за гласање доверба – рекол поранешниот лидер на ПАСОК, во кусата изјава од Солун пред почетокот на промоцијата на неговата книга – пренесува АНА-МПА.

Венизелос додал дека она што го интересира Ципрас, не е вистинскиот демократски легитимитет, вистинскиот однос со општеството, туку само да го продолжи останувањето на власт, што е на товар на перспективите за закрепнување на земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...