Венецуелската војска денеска соопшти дека уапсила неколку гардисти, кои украле оружје и киднапирале двајца офицери.
Соопштението ги потврдува извештаите за бунт во редовите на националната гарда, што доведе до судири во еден сиромашен кварт на неколку километри од претседателската палата во Каракас.
Војската наведува дека бунтот го поттикнале екстремни десничарски групи, кои ги мотивирале гардистите да ја „погазат заклетвата“.
Во соопштението се наведува дека целото оружје е пронајдено.
Венецуелскиот министер за одбрана, Владимир Падрино Лопес, на Твитер испрати порака со ветување дека сите гардисти учесници во бунтот ќе бидат казнети во согласност со законот.