Венецуела врие, границите затворени, гардисти го напуштаат Мадуро

Во меѓувреме, тројца припадници на националната гарда на Венецуела денеска ги напуштија своите позиции и дезертираа, соопшти колумбиската Агенција за миграција. Оваа агенција соопшти дека венецуелските војници од нив побарале помош.

418
ФОТО: EPA / Cristian Hernandez

Војската на Венецуела денеска употреби солзавец во близина на границата со Колумбија против група луѓе кои се обидувале да преминат во таа соседна земја за да одат на работа.

Владата на претседателот Николас Мадуро ги затвори границите додека опозициските лидери се подготвуваат да ја примат хуманитарната помош од САД, на што се спротивставува владејачката Социјалистичка партија.

Венецуелските власти наредија распоредување војска во близина на границата со Колумбија, соопшти денеска Стратешката оперативна команда на Боливарските национални вооружени сили.

„Следејќи ги инструкциите на нашиот врховен командат Николас Мадуро, командантот на Стратешката оперативна команда на вооружените сили Ремиџо Себаљос нареди распоредување на војската на границата меѓу Колумбија и Венецуела со цел гарантирање на мирот и безбедноста на граѓаните по затворањето на границата“, се наведува во соопштението објавено на Твитер.

Во четвртокот Мадуро нареди затворање на границата со Бразил, а вчера потпретседателот Делси Родригес нареди привремено затворање на трите моста кои ја поврзуваат Венецуела со Колумбија.

Во меѓувреме, припадници на градата и на венецуелските безбедносни сили дезертираат и пребегнуваат во Колумбија. Последните информации се дека најмалку 13 од нив веќе пребегнале. Десет членови на Националната гарда и двајца полицајци ја преминале границата и влегле во колумбискиот регион Норте де Сантандер, од каде венецуелската опозиција се обидува да донесе хуманитарна помош во земјата, рече портпаролот.

 

ФОТО: EPA / Cristian Hernandez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...