Венеција повторно под вода

243
Photo: EPA-EFE/Andrea Merola

Плоштадот Свети Марко во Венеција денеска повторно е поплавен и затворен за јавност, откакои градот беше погоден од плима со висина од 150 сантиметри, трето највисоко ниво досега забележано.

Со четири плими над 140 сантиметри од понеделникот, оваа недела беше најлоша од почетокот на мерењето на плимата во Венеција од 1872 година.

Градоначалникот Луиџи Бруњаро процени дека штетите од поплавите во градот изнесуваат околу една милијарда евра.

Илјадници доброволци им помагаат на граѓаните во поплавениот град.

Изградена на низа мали острови, Венеција е особено ранлива од комбинацијата на покачено ниво на морето како резултат на климатските промени и веќе воспоставеното пропаѓање на градот во калта.

Според службата за надгледување на плимата и осеката на градот, нивото на морето околу Венеција е 10 сантиметри повисоко отколку што беше пред 50 години.

Photo: EPA-EFE/Andrea Merola

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...