„Вембли“ обоен во боите на Лестер, во чест на жртвите од хеликоптерската несреќа

137

Лакот над стадионот „Вембли“ во Лондон синоќа беше обоен во сино и бело, боите на Лестер. На тој начин Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) изрази почит кон на сопственикот на клубот, Вишај Шриваданапрабха, кој почина во хеликоптерската несреќа во саботата вечерта.

Претходно беше објавено дека четири патници и пилотот на хеликоптерот загинаа при уривањето во близина на стадионот „Кинг Пауер“. Меѓу нив беше и самиот милијардер и сопственик на поранешниот англиски шампион Лестер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...