Велосипедистите во Киев денеска одржаа протест со барање за подобра велосипедска инфраструктура и намалување на брзината за возилата во градот до 50 километри на час.
Протестот го организираа неколку здруженија на велосипедисти чии членови легнаа пред зградата на градските власти на Киев.
Пред неколку дена автомобил удри и усмрти велосипедист на велосипедска патека во Киев.
ФОТО: МИА