Величината на струкот е поважна како индикатор за здравјето, отколку како мерка за убавина

Вишокот килограми распоредени околу половината е поопасен за здравјето од оние килограми кои се носат на колковите и на бедрата.

912

Оние неколку килограми собрани околу половината е навистина од посебна важност кога станува збор за нашето здравје. Новата студија заклучила дека мастите насобрани во пределот на стомакот можат да му наштетат на здравјето на жените, дури и ако нивниот индекс на телесна маса (BMI) не укажува на дебелина.

Голем обем на струкот = знак за узбуна

Ваквите собрани маснотии се нарекуваат стомачни или висцерални маснотии, а доаѓаат со значајни здравствени ризици.

Висцералното масно ткиво досега длабоко во стомачната празнина па допира и до внатрeшните органи. Поврзано е со метаболички пореметувања, како и со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2.

Концентрацијата на масти околу стомакот може да го загрози здравјето дури и ако BMI индексот исклучува класифицирање во групата на дебели луѓе, објаснува д-р Веи Бао, професор по епидемиологија на Универзитетот во Ајова и водач на студијата.
Имено, резултатите покажале дека големата големина на струкот – околу 90 цм или повеќе – значително го зголемува ризикот од рана смрт за жените постари од 49 години, дури и кога имале нормален BMI.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...