Според првичните резултати од излезните анкети, Конзервативната партија на Борис Џонсон освои мнозинство гласови на денешните вонредни парламентарни избори во Велика Британија.
Конзервативците освоија 368 мандати, додека Лабуристичката партија на Џереми Корбин – 191.
Околу 46 милиони Британци денеска гласаа за новиот состав на Долниот дом на Парламентот, кој има 650 пратеници.
Избирачките места беа затворени во 22 часот по локално време.
Фото: EPA/VICKIE FLORES