Велика Британија најверојатно ќе истапи од ЕУ на 12 април без договор

178

Велика Британија најверојатно ќе излезе од Европската унија за две недели без договор откако премиерката Тереза Меј не успеа да добие поддршка од пратениците за нејзиниот договор за повлекување, објави Европската комисија.

На Меј и недостигаа 58 гласа за усвојување на Договорот за напуштање на Унијата на гласањето во британскиот Парламент, кое се одвиваше истовремено со протестот на бриврзаниците на Брегзит, кои се лути поради одолговлекувањето.

Премиерката сега има време до 12 април да смисли нов план со кој ќе го убеди Брисел за ново одложување или Велика Британија ќе ја напушти Унијата без постигнат договор.

Во пишаната изјава портпаролот на Европската комисија изрази жалење поради гласовите – против и потврди дека Брегзит се одложува до следниот месец.

„Останува на Велика Британија пред тој датум да го посочи начинот на кој ќе се одвиваат нештата, што ќе биде разгледан од страна на Европскиот совет“, се наведува во соопштението од ЕК.

Најизгледна опција засега останува излегување на Велика Британија од ЕУ на 12 април без договор. ЕУ се подготвува за такво сценарио од декември 2017 година и е во целост подготвена за тоа на полноќ на 12 април. Одделни, мини-договори, не се опција, се посочува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...