Традиционалниот Велигденски концерт во Куманово ќе се одржи утре во Соборниот Храм Свети Никола, најавија на денешната прес-конференција, надлежните од секторот и од Фондацијата за култура и спорт од општина Куманово. Пред кумановци со почеток во 19 часот, ќе настапи хорот „Свети Нектариј“ од Битола.
– Станува збор за традиционална манифестација, велигденски концерт. Ги покануваме граѓаните да уживаат во композициите што ќе ги изведе хорот – најави директорот на Фондацијата, Нино Величковски.
На 24-ти април, во 20 часот, пак, во Занаетчискиот дом, концерт ќе одржи бендот на Филип Стевановски.
Надлежните најавија дека наредниот период ќе се одржат превидените манифестации од програмата за култура, во рамки на редовната годишна програма и во рамки на „Куманово, град на културата“.
Раководителите на секторот и на фондацијата, Цоки Ристовски и Нино Величковски повторија дека од Министерството за култура добиле три милиони денари за одржување на настаните од програмата „Куманово-град на културата“ и потсетија дека се собарани средства од Владата, за, како што рекоа достојно одбележување на програмата и пет века постоење на Куманово.
Поголем дел од настаните ќе се одржат во втората половина од тековната година.