Вежбајте јога и танцувајте за да го зачувате умот во староста

96

Во германскиот стручен весник „Психологијата Денес“ прикажани се пет начин кои го забавуваат процесот на когнитивно стареење.

Играње социјални игри е еден од петте добри начини да го задржите мозокот во добра форма, според весникот.

Добрата форма се одржува и преку вежбање, особено танцување.

Опција за задржување на „здрав разум“ во староста е и јогата.

Друг начин, според списанието, е да се биде социјално активен. Затоа, не се откажувајте од пиење кафе со пријателите, бидејќи е добро за вашиот мозок.

Конечно, користење на компјутер е добро за „ментална гимнастика“, иако многу “стари луѓе” веруваат дека тоа е комплицирано.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...