За да им ја олесни подготовката на омилените јадења и на најпребирливите потрошувачи, „Подравка“ ја претстави „Вегета Натур“ на пазарот, сега во модерна амбалажа и направена по нов, подобрен рецепт.
Кога „Вегета Натур“ е во кујната, на трпезариската маса има јадења со раскошни и богати вкусови, направени на сосема природен начин, а готвењето навистина станува една од најприродните работи во светот.
Многумина ќе се прашаат која е тајната на овој производ? Нема тајна.
„Вегета Натур“ производите се направени по рецептот на мајката природа. Тие содржат природни состојки – зеленчук растен под топлото сонце и внимателно одбрани зачини кои на сите јадења им го даваат најдобриот вкус на природата.
Препознатливиот вкус на квалитет и природност го носи морската сол од островот Паг, куркумата, која е заслужна за златната боја, целерот кој дава мирис како од градина, како и другите избрани состојки.
За готвачи кои знаат што точно сакаат и како да го подготват тоа, тука се специјалите „Вегета Натур“ кои го олеснуваат готвењето и секое јадење го прават лесно за подготовка – од крцкави компири, печен зеленчук, златно пилешко, до салата и риба. Како и остатокот од семејството Натур, тие се направени во комбинација со чистата природа и содржат само зеленчук и зачини.
На голема врата, „Вегета Натур“ се врати на менито. Без разлика дали во кујната играте на сигурно или уживате во импровизирање, има само едно правило – „Вегета Натур“. Со докажаниот квалитет на брендот „Вегета“ и со нови и подобрени рецепти, „Вегета Натур“ навистина ја внесува природата во секоја кујна. Сè што треба да направите е да се препуштите на богатството на вкусови и ароми и да тргнете во нова кулинарска авантура каде што ќе го препознаете најдоброто од природата во секој залак.
(промотивен текст)