Веганска исхрана – добар избор или сериозна закана за здравјето на децата?

Бидејќи бројот на вегани во светот а и кај нас сѐ повеќе расте, стручњаците во доменот на медицината, а особено нутриционистите , имаат целосно поделени мислења за тоа дали и во која мерка таквиот начин на исхрана е здрав за луѓето, посебно за децата.

259

Веганската исхрана може лошо да влијае на здравјето на децата, предупредуваат лекарите во Данска, во која има сѐ поголем број на вегани.

Според податоците на Данското вгетаријанско здружение, во таа земја само во текот на минатата година бројот на вегани пораснал од дваесет и пет на триесет и пет илјади. Сепак, само неколку центри за грижа за децата го нуди овој вид на исхрана и за тоа постојат причини.

Без храна со животинско потекло

Веганството подразбира во исхраната да не се користи храна со животинско потекло, како и да не се употребуваат предмети, облека и било кои производи кои содржат материи со животинско потекло. Воопшто, веганите застапуваат начин на живот кој исклучува било каква суровост над животните.

Дали е добро да се хранат децата на овој начин е прашање околу кое спорат стручњаците. Многу педијатри сметаат дека таквата диета е опасна за детското здравје, дека го ремети правилниот развој, дека не обезбедува доволно хранливи материи и енергија.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...