Вебер: Макрон и Орбан ѝ нанесоа штета на демократијата во Европа

145

Поранешниот кандидат за претседател на Европска комисија и лидер на Европска народна партија (ЕПП), Манфред Вебер ги обвини францускиот претседател Емануел Макрон и унгарскиот премиер Виктор Орбан дека извршиле „напад врз демократска Европа“.

Вебер наведе дека поранешната изјавата на Макрон, дека тој нема искуство да биде претседател на ЕК била дрска и претставува напад врз демократска Европа.

– Макрон заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан формираше оска во Советот. Заедно нанесоа голема штета на европската демократија, посочи Вебер додавајќи оти за неговиот неуспех е виновен и Парламентот, пред се блокот социјалисти.

Вебер наведе дека за развојот на ситуацијата не е виновна избраната претседателка наЕК, Урсула фон дер Лајен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...