Вајнстин се спогоди со жртвите, ќе им плати 44 милиони долари

779

Холивудскиот филмски продуцент Харви Вајнстин и поранешните членови на бордот на неговото студио постигнаа привремен договор со сите жени кои го обвинија за сексуално малтретирање, пренесуваат американските медиуми.

Адвокатите информираа дека спогодбата за решавање на овој цивилен спор и компензација со наводните жртви ќе изнесува околку 44 милиони американски долари.

Продуцентот Вајнстин негираше дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал 75 жени и ќе излезе пред судот во Њујорк во јуни, под обвиненија од две жени, вклучувајќи и едно обвинение за силување.

Тој е еден од најпознатите продуценти во Холивуд и работеше на многу различни филмови кои ја освоија најпрестижната награда „Оскар“, како што се „Заљубениот Шекспир“, „Говорот на кралот“ и „Артистот“. Со зголемувањето на обвиненијата за Вајнстин, неговата компнаија мораше да прогласи банкрот.

Обвиненијата против Вајнстин го започнаа движењето „И јас исто така“ (#metoo), преку кое илјадници жени почнаа да откриваат сексуални скандали со мажи на високи позиции во бизнисот, Владата и во забавната индустрија за сексуално малтретирање и злоупотреба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...