Вајнстин пуштен со кауција од еден милион долари

Поранешниот холивудски филмски продуцент го негираше обвинувањето дека извршил сексуален чин без согласност на жена. Тој беше пуштен со кауција и барање да носи уред за следење, како и забрана за напуштање на Њујорк.

501

Поранешниот холивудски филмски продуцент Харви Вајнстин, кој е обвинет за силување и сексуално злоставување, пуштен е денеска со кауција од еден милион долари.

Тој утрово и се предаде на полицијата во Њујорк, а потоа беше спроведен со лисици на рацете во суд во Менхетен, каде што е обвинет за силување и сексуално злоставување, и обвинувањата потекнуваат од два одделни случаи.

Вајнстин го негираше обвинувањето дека извршил сексуален чин без согласност на жена. Тој беше пуштен со кауција и барање да носи уред за следење, како и забрана за напуштање на Њујорк.

Повеќе од 70 жени го обвинуваат соосновачот на студијата „Мирамакс“ и „Вајнстин цо“ за сексуално вознемирување, вклучувајќи и силување, а некои обвинувања датираат и од пред повеќе години.

„Случајот Вајнстин“ беше повод за ангажирање на движењето #MeToo, па стотини жени почнаа јавно да обвинуваат моќни бизнисмени, владини претставници и луѓе од светот на забавата за злоставување. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...