САД ја одобрија продажбата на својот систем за ракетна одбрана „Патриот” на Турција за 3,5 милијарди долари. Одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп сè уште може да биде блокирана во Конгресот.
Целта е да се понуди алтернатива на рускиот ракетен систем С-400, кој Анкара сака да купи и покрај американските предупредувања, изјави портпаролот на Стејт департментот.
Јасно ја предупредивме Турција дека потенцијалното купување на системот С-400 може да ја стави под прашање продажбата на американски борбени авиони Ф-35 на Анкара и би ја изложиило на санкции од САД, додаде портпаролот.
САД одамна објаснуваат дека сакаат да работат со Турција на противвоздушната и противракетната одбрана и во последните години и понудија да го земе предвид системот „Патриот”, која е компатибилен со стандардите на НАТО, истакна портпарол на Стејт департментот.