Вашингтон ја запира испораката на F-35 за Анкара: Турција ќе набави Су-57од Русија?

НАТО е исплашен дека Москва би можела да ја злоупотреби продажбата на овој систем, чие „радарско око“ би идентификувало различни сегменти кои се третираат како воена тајна.

679

Планираната испорака на борбени авиони од петта генерација F-35, која би требала да се реализира наредниов месец, може да биде одложена поради сѐ позатегнатите односи на релација САД-Турција поради нејзината соработка со Руската Федерација, истакнува турскиот печат, пренесува Руска реч.

Турскиот информативен портал Yeni Şafak пренесува дека постои реална можност воопшто да не дојде до оваа испорака поради опструкции од Вашингтон. Ова е предизвикано од непопустливата намера на Турција да купи руски ракетни системи за ПВО С-400, што за САД е апсолутно неприфатлив факт.

НАТО е исплашен дека Москва би можела да ја злоупотреби продажбата на овој систем, чие „радарско око“ би идентификувало различни сегменти кои се третираат како воена тајна, особено кога е во прашање тактиката за примена на овој авион. Со помош на системот С-400 „Триумф“ Русија може да открие голем број податоци поврзани со овој авион, но и со останатите борбени летала, сметаат извори во НАТО.

Доколку дојде до раскинување на оваа зделка, Анкара има намера да се обрати до Русија и нејзината компанија „Сухој“ заради набавка на адекватна замена за овие апарати. Во тој случај би се разгледувала набавка на повеќенаменскиот авион Су-35 од генерацијата 4++ или на рускиот авион од петта генерација Су-57.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...