„Вашингтон пост“: Трамп за неколку минути се одлучил да се ликвидира Сулејмани

515
FOTO MIA

Американскиот претседател Доналд Трамп донел одлука да биде ликвидиран иранскиот воен командант Касим Сулејмани без двоумење, објави  „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неколку извори.

Според весникот, станува збор за многу краток временски период, додека Трамп во четвртокот одржувал уште еден состанок во неговиот имот во Мар-а-лаго на Флорида.

Потоа бил повикан за друга средба, и набргу се вратил и ја продолжил средбата без да каже ништо. За време на тоа кратко отсуство, според весникот, Трамп дал зелено светло за напад врз автомобилот со кој Сулејмани патувал кон меѓународниот аеродром во Багдад.

Според медиумот, одлуката на Трамп зависела од тоа дали Сулејмани ќе се сретне со ирачки официјални лица. Во случај на средба со Американци тие не би нападнале, тврдат извори на весникот.

Дискусијата за подготовката на операцијата била во многу тесен круг во кој биле државниот секретар за внатрешна безбедност Роберт О’Брајан, државниот секретар Мајк Помпео, секретарот за одбрана Марк Еспер, директорот на ЦИА, Џина Хаспал и шефот на Кабинетот на Белата куќа Мик Молвејни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...