Мајк Помпео, номиниран за функцијата државен секретар на САД, за време на велигденските празници заминал во тајна посета на Северна Кореја и се сретнал со лидерот Ким Џонг-ун, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се два два, добро упатени извора.
Целта на средбата била да се постават основи за директни преговори меѓу Трамп и Ким за севернокорејската нуклеарна програма.
Американскиот претседател вчера изјави дека биле спроведени преговори на „многу високо ниво“, беа да соопшти дриги детали.
– И ние започнавме директни разговори со Северна Кореја – изјави Трамп за време на фото-сесијата со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
– Водиме преговори на исклучително високо ниво…и се надеваме дека ќе се случат убави работи, изјави Трамп и дополни дека на крајот се важни само резултатите, а не фактот дека се планира средба или самото нејзино одржување.