Вашингтон не го признава новиот мандат на Мадуро

69

САД нема да го признаат легитимитетот на неодамна избраниот венецуелски претседател Николас Мадуро и ќе го зајакнат притисок врз неговиот режим, изјави денеска советникот во Белата куќа за национална безбедност, Џон Болтон.

– САД не ја признаваат незаконската инаугурација на диктатурата на Мадуро. И понатаму ќе го засилуваме притисок врз тој корумпиран режим, ќе го поддржуваме демократското Народно собрание и ќе повикуваме на слобода и демократија во Венецуела, објави Болтон на Твитер.

Николас Мадуро на 20 јули победи на претседателските избори.што ги бојкотираше опозицијата, и тој од денеска официјало го почна својот втор шестгодишен мандат.

ЕУ, повеќе држави од Јужна Америка и Канада исто така нагласија дека нема да го признаат вториот мандат на венецуелскиот претседател.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...