Вашингтон до Москва: Не распоредувајте воени сили на западната хемисфера

255
epa06174847 The Russian chancery annex in Washington, DC, one of three Russian diplomatic facilities that the Trump administration has ordered closed in Washington, DC, USA, 31 August 2017. The move comes in response to Russia's expulsion of US diplomats. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Администрацијата на САД го осудува распоредувањето на руска војска и воена опрема во Венецуела, како и секаква друга странска воена помош за Николас Мадуро во неговиот обид да остане на власт, се вели во најновото соопштение од Стејт департментот.

– Воената помош Мадуро ќе ја користи за натамошни репресии врз народот на Венецуела, за продолжување на економската криза што ја уништи земјата и може да ја загрози региналната стабилност, се наведува во соопштението.

Притоа Стејт департментот ја повикува армијата на земјата да ја презеде својата уставна обврска и да ги заштити граѓаните на Венецуела.

– Ова е предупредување до актерите кои не се од западната хемисфера, да не рапоредуваат воени сили во Венецуела или било каде на земјината полутопка со намера да започнат или прошират воени операции, се додава во соопштението.

Од Вашингтон истакнуваат дека таквите провокативни чекори ќе се сметаат за директна закана кон мирот и стабилноста во регионот.

-Продолжуваме да ги браниме интересите на САД и на нашите партнери во западната хемисфера, засновани на заедничка почит кон слободата, безбедноста и владеењето на правото, се вели во денешното соопштение од Стејт департментот.

Во Каракас во саботата пристигна група од стотина руски војници кои според Кремљ се таму „да го заштитат Мадуро од насилна смена на власта помогната од Вашингтон и Западот“.

Американскиот претседател Доналд Трамп завчера во Белата куќа на средба со сопругата на опозиционерот Хуан Гуаидо, признат од западните земји за легитимен претседател на Венецуела, порача Русија да „замине од Венецуела“ .

На прашање на новинарите како руските сили да се натераат да заминат оттаму, Трамп одговори: „Ќе видиме, во игра се разни варијанти“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...