Социјалната мрежа Ватсап не функционира во многу делови на светот, што доведе до проблеми во комуникацијата меѓу нејзините корисници, објави „Индипендент“.
Проблемот е пријавен на различни оперативни системи, кои ги вклучува и Ајфон и Андроид.
Според „Индипендент“, корисниците се пожалиле дека не можат да праќаат пораки, ниту да ја вчитаат апликацијата.
Меѓутоа, како што се наведува, најверојатно проблемот не влијае кај секој корисник на мрежата, односно некои успеале да пристапат на апликацијата преку телефон и веб-сајт.