Ватикан формира работна група од експерти за помош на католичките епархии и верските редови во изработка на насоките за постапување во случаите на сексуално злоставување кои ќе ги сторат претставници на клерот.
Иницијативата беше предложена уште минатата година на собирот за спречување на злоставувањата, пренесуваат американските медиуми.
Тоа се сметало за неопходно, со оглед на тоа дека католичките челници во некои делови од светот, главно во сиромашните и подрачјата оптоварени со судири во Африка и Азија, не се придржувале до директивата на Ватикан од 2011 година, за развој на насоките.
Членовите на работната група денеска изјавија дека целта била да се пружи правна експертиза и помош за епархиите и верските редови кои немаат професионални средства или на друг начин одбиле да се потчинат на директивата од 2011 година.
Ватикан бара само обвиненијата за злоставување да се пријавуваат интерно, а не во полицијата, како и дека црковните челници обвинувањата за злоставувања да ги пријават во полицијата само таму каде тоа го бараат граѓанските закони.
EPA-EFE/ANDREW MEDICHINI / POOL