Ватикан: Папата Франциско внимателно ја следи состојбата во Венецуела

171

Папата Франциско внимателно ја следи состојбата во Венецуела и Ватикан и ќе ги поддржи сите напори кои ќе стават крај на страдањата на народот во таа земја, соопшти денеска Ватикан.

– Папата се моли за жртвите и за целиот народ на Венецуела. Светата столица ги поддржува сите напори кои ќе стават крај на страдањата на населението, се наведува во соопштението.

Ватикан не се изјасни „на чија страна е“, односно дали го поддржува претседателот Николас Мадуро или самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуаидо.

САД, Канада и други држави во Латинска Америка го признаа Гуаидо за претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...