Вартоломеј: Никогаш нема да ја признаеме т.н. Црногорска православна црква

323
ФОТО: МИА

Единствената канонска црква во Црна Гора е Митрополијата црногорско-приморска на Српската православна црква и ние никогаш нема да ја признаеме т.н. Црногорска православна црква, изјави вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во интервју за српски Курир, Вартоломеј рече дека по барање на митрополитот Амфилохије, тој напишал писмо до црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, во кое му порачува да не презема понатамошни чекори кон усвојување и спроведувањето на законот за верски заедници.

– Тој закон не е праведен. Што се однесува до Вселенската патријаршија, единствената канонска црква во Црна Гора е Митрополијата црногорско-приморска на Српската православна црква и единствениот канонски архиепископ во Црна Гора е митрополитот Амфилохије –  рече вселенскиот патријарх.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...