Ван дер Белен: Приказната за европска војска е реакција на несигурност поврзана со политиката на Трамп

61
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен денеска оцени дека приказната за европска војска е реакција на несигурност поврзана со политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и нагласи дека не гледа потреба официјална Виена да реагира.

– Неутралноста не не спречува да соработуваме со другите војски во подготовките на мисијата на ОН – истакна Белен.

Австрискиот претседател додаде дека и натаму е присутна несигурноста во однос на тоа колку ЕУ може да се потпре на администрацијата на Трамп, иако тој претходно ја повлече изјавата за иднината на НАТО.

– Во таква ситуација е нормално да се размислува и да се повлечат последици од тоа. Меѓутоа, тоа не значи дека некој размислува за доведување на НАТО во прашање, но очигледно е дека постојат размислувања за обезбедување поголема европска самостојност – наведе Ван дер Белен.

ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...