Декорациите кои беа поставени на старите исечени дрвја во Скопје во текот на ноќта или утрово биле уништени од вандали.
Фотографии од уништените декорации на едно дрво во градскиот парк на Фејсбук сподели и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, со коментар: „Ех, драги мои, ех…“
Станува збор за декорации кои екипите на „Паркови и зеленило“ почнаа да ги ставаат во текот на летото.
Ова не е првпат да се уништува нова опрема во градот. Пред само десетина дена вандали ја уништија новопоставената опрема на неколку детски игралишта во општина Карпош.