Ванг Ји: Царините и трговските спорови можат да го турнат светот во рецесија

Кревањето sидови нема да ги реши глобалните предизвици, а обвинувањето на другите за сопствените проблеми не функционира. Лекциите од Големата депресија не треба да се заборават, рече Ванг.

98

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји предупреди пред Генералното собрание на ООН дека царините и трговските спорови можат да го турнат светот во рецесија и порача дека Пекинг е посветен на решавање на овие проблеми на „мирен, рационален и кооперативен начин“.

– Кревањето sидови нема да ги реши глобалните предизвици, а обвинувањето на другите за сопствените проблеми не функционира. Лекциите од Големата депресија не треба да се заборават – рече Ванг.

Тој додаде дека тарифите и провокацијата на трговските спорови, кои го нарушуваат глобалниот индустриски ланец за снабдување, служат за поткопување на мултилатералниот трговски режим и светскиот економски и трговски поредок.

– Тие дури можат да го турнат светот во рецесија – предупреди Ванг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...