Валтер Дефа советува: Економскиот раст да биде одржив, инклузивен и „паметен“

Андреас Пападопулос од Генералниот директорат на ЕК за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисијаврече дека главна цел на подготовката на Програмата за економски реформи е да го подобри среднорочното економско планирање.

107

Забележуваме најдобри резултати во спроведувањето на мерките од Програмата за економски реформи во споредба со другите земји од процесот, согласно оценките на програмите од страна на Европската комисија, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата за почеток на Програмата за економски реформи 2020-2022.

Тевдовски рече дека до 2017 година реализацијата на препораките од заедничките заклучоци, била ниска.

– Постојано беше посочувано дека земјата нема стратегија за реформи во јавните финансии, недоволна транспарентност во јавните финансии, честа промена на законите и некористење на алатката ЕНЕР за консулатции со јавноста по предлог закони, како и непреземање на активности во однос на неформалната економија-рече Тевдовски.

Состојбата, според него, е променета последните две години.

– За првпат имаме јасна и кредибилна Стратегија за реформи во јавните финансии, значително е подобрена транспарентноста во јавните финансии. Стабилизирано е нивото на јавниот долг. Започна отплатата на доспеани неплатени обврски на јавниот сектор. Редовно се користи алатката ЕНЕР за консулатции со јавноста по предлог закони. За прв пат е донесена Стратегија за формализација на неформалната економија и веќе имаме спроведено активности предвидени со Акцискиот план 2018-2020 – рече Тевдовски.

Андреас Пападопулос од Генералниот директорат на ЕК за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисијаврече дека главна цел на подготовката на Програмата за економски реформи е да го подобри среднорочното економско планирање.

– Програмата за економски развој им помага на земјите кандидати постепено да се прилагодат на критериумите за членство – постоење на функционална пазарна економија и конкурентност на пазарот – рече Пападопулос.

Сепцијалниот советник за економија на Владата од Германија, Валтер Дефа во своето обраќање посочи дека главна цел треба да биде повисок раст, но не само квантитативен, туку одржлив, инклузивен и „паметен“ раст – базиран на нови технологии и иновации.

– Еден од клучните приоритети во реформите треба да биде зголемување на продуктивноста и конкурентноста во домашниот приватен сектор со подобро интегрирање на домашните фирми во глобалниот синџир на вредности. Врските со високо продуктивните странски инвестиции и домашните компании треба да се зацврстат. Ова ќе им овозможи на домашните фирми да се модернизираат, да користат модерни технологии, менаџмент практики, маркетинг, финансии и менаџмент на човечки ресури. Со тоа ќе се засили трансформацијата на структурата на економијата кон производство со повисока додадена вредност и поквалитетни работни места – рече Дефа.

Јана Репаншек, директорката на Центарот за извонредност на финансиите (ЦЕФ) истакна дека преку редовните обуки кои ги одржува ЦЕФ, континуирано се зајакнуваат капацитетите на вработените во институциите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...