Вакцината против Ковид-19 ќе биде готова во крајот на април

Бројот на нови случаи на коронавирусот во Кина продолжи денеска да се намалува. Потврдени се уште 889 случаи на заразени лица, во момент кога здравствените власти покажуваат оптимизам во однос на спречување на епидемијата, од која досега починаа повеќе од 2.200 луѓе и се шири низ други држави.

419

Вакцина против коронавирус, од кој досега загубија живот повеќе од 2.000 луѓе само во Кина, најрано ќе биде доставена за клинички испитувања кон крајот на април. Тоа го изјави денеска заменик министерот на Кина за наука и технологија Су Нанпинг.

Заменикот-генерален секретар на кинеската Академија на науките Жу Ки изјави дека компаниите што продолжиле со работа треба да обезбедат соодветна вентилација и да одржуваат безбедно растојание меѓу работниците.

Бројот на нови случаи на коронавирусот во Кина продолжи денеска да се намалува. Потврдени се уште 889 случаи на заразени лица, во момент кога здравствените власти покажуваат оптимизам во однос на спречување на епидемијата, од која досега починаа повеќе од 2.200 луѓе и се шири низ други држави.

– Трендот на намалување нема да има пресврт – изјави заменик главниот секретар на Државниот совет и член на надзорната владина група, Динг Сиангјанг,

Во последните 24 часа бројот на заразени од новиот вирус достигна вкупно 75.465 лица, а билансот на жртвите изнесува 2.236, откако се регистрирани уште 118 починати.

Повеќе од илјада случаи на заболени лица и 11 починати луѓе се потврдени надвор од континенталниот дел на Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...